Лого на helio

Полиса за приватност

Последно ажурирана на 29 јули 2023 година

Оваа Полиса за приватност на КОД ДИВАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, бренд CodeDivine („CodeDivine“, „ние“, „наше“), објаснува како и зошто, преку нашиот производ helio, собираме и обработуваме лични податоци при вашето користење на апликацијата helio.mk.

Со читање на оваа Полиса ќе разберете како се заштитени вашата приватност и приватноста на вашите пациенти. Доколку не се согласувате со нашите методи и практики, ве молиме не ја користете апликацијата.

Доколку имате дополнителни прашања или нејаснотии, контактирајте нè на helio@codedivine.com.


Кои податоци ги собираме

Ги собираме податоците што доброволно ни ги доставувате кога се регистрирате за користење на нашите услуги, како и податоците за вашите пациенти. Тоа вклучува:

  • Имиња
  • Адреси
  • Телефонски броеви
  • Работни звања
  • Кориснички имиња
  • Лозинки (енкриптирани)

Чувствителни информации. Кога е потребно, со ваша согласност или доколку е поинаку дозволено со релевантен закон, ги собираме и обработуваме следните категории чувствителни податоци:

  • Податоци за идентификација (матичен број, здравствен број, број на здравствена легитимација и број на пасош)
  • Здравствени податоци (прегледи, упати, специјалистички извештаи, алергии, дијагнози и лекувања)
  • Останати лични податоци (пол и крвна група)
  • Финансиски податоци (издадени фискални сметки и фактури)

Сите лични податоци што ни ги доставувате мора да бидат точни, комплетни и прецизни.

Како ги користиме овие податоци

Овие податоци ги користиме при вашето користење на нашиот производ, вклучувајќи:

  • Потврда на вашиот идентитет и овозможување пристап до вашиот профил.
  • Овозможување на услугите што ги нудиме во вашата секојдневна работа.
  • Исполнување на нашите законски обврски и обработка на информации по законски барања.

Кога и со кого ги споделуваме вашите податоци

Вашите лични податоци и податоците на вашите пациенти во ниеден случај и под никакви околности не се споделуваат со трети лица. Единствено, податоците можат да бидат споделени по ваше барање и согласност со:

  • Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, со цел издавање упати, реализирање прегледи и испраќање извештаи.
  • Самиот пациент, по претходно извршена потврда на неговиот идентитет.

Колку долго ги чуваме вашите податоци

Вашите податоци ги чуваме за целото времетраење на вашата претплата, освен доколку подолг период се бара со закон. Ништо во оваа Полиса за приватност не наложува чување на личните информации подолго од периодот додека имате претплата кај нас.

Во случај да не е можно вашите податоци да бидат избришани веднаш, ќе ги анонимизираме или, доколку тоа не е можно, како во случај на приватни податоци складирани во резервни копии, ќе ги изолираме сè додека нивното бришење не стане технички возможно.

Како ги чуваме вашите податоци безбедни

Во КОД ДИВАЈН постојат прецизно дефинирани технички и организациски безбедносни мерки, дизајнирани за заштита на сите лични податоци што ги обработуваме. Сите податоци се чуваат заштитено во виртуелна приватна околина, на сервери во Македонија и во Европската Унија, до кои пристап има само уредот на кој е хостирана самата апликација. Трето лице не може со алатки надвор од самата апликација да добие пристап до базата на податоци.

И покрај сите наши безбедносни мерки, ви препорачуваме да ги користите нашите услуги само од уреди во безбедна околина и да не се најавувате од компјутери што не се лично ваши.

Кои се вашите права врз вашите податоци

Вашите податоци се исклучиво ваши. Доколку сакате да направите промена во тие податоци или да го деактивирате вашиот профил, можете да се најавите во вашиот профил и да побарате ажурирање или бришење на вашите податоци.

Доколку имате прашања во врска со вашите права врз вашите податоци, контактирајте нè на helio@codedivine.com.

Дали правиме промени во оваа Полиса

Постои можност оваа Полиса да биде ажурирана одвреме-навреме. Ажурираната Полиса ќе биде соодветно означена и ќе биде прикажан датумот на ажурирање. Доколку ажурирањето предизвикува материјални промени кај вашиот профил, се обврзуваме да ве известиме за новите промени што произлегуваат од неа во рок од 90 дена пред нивното стапување во сила. Ве охрабруваме редовно да ја читате Полисата и да бидете во тек со начинот на кој се грижиме за вашите податоци.

Како да нè контактирате за оваа Полиса

Доколку имате прашања или коментари во врска со оваа Полиса, можете да го контактирате нашиот контролор за заштита на личните податоци, Горјан Бошковски, на helio@codedivine.com или на 074/242-601, или по пошта на адреса:

КОД ДИВАЈН ДООЕЛ
Горјан Бошковски
Бул. Партизански одреди бр. 11/2-9
1000 Скопје
Република Северна Македонија