helio за општа, семејна медицина и педијатрија
Брза, прегледна и сигурна работа за матични тимови, семејни ординации и педијатрија, со процеси прилагодени за реалната секојдневна амбулантска работа во Македонија.
Функционалности за матични лекари
Брзи и прегледни алатки за прегледи, упати, рецепти, пациенти, извештаи и секојдневна комуникација.
Прегледи
Брзо регистрирање прегледи
Отворете преглед само со избор на пациент и дијагноза. Системот за сè останато ги користи најчестите вредности, а вие ги менувате по потреба.
Четири начини на приказ на преглед
Организирајте ги обврските преку дневен, компактен дневен, неделен или месечен приказ и секогаш имајте јасна слика за распоредот на ординацијата.
Лекарски извештаи по ваша мерка
По завршување на прегледот, helio автоматски подготвува лекарски извештај според вашиот шаблон, со потребните податоци и изглед за печатење или испраќање.
Упати
Упати преку шаблон или претходен упат
Креирајте нов упат од однапред подготвен шаблон или искористете претходен упат, без повторно внесување на истите податоци за честите случаи.
Специјалистички извештаи
Прегледувајте ги пристигнатите специјалистички извештаи директно во helio, поврзани со соодветниот пациент и упат.
Известување за добиен термин
Добивајте навремено известување кога е одобрен термин за туѓа помош и нега или за кабинет за дојка
Листа на упати за термин
Нема моментално достапен термин за даден специјалист? Нема проблем, поставете го пациентот во листа на чекање и добијте известување кога ќе биде достапен термин
Рецепти
Рецепти од специјалистички извештај
Претворете ја препорачаната терапија од специјалистичкиот извештај во рецепти со два клика.
Продолжување и повторување терапија
Продолжете хронична терапија или повторете претходно издадена терапија, брзо и едноставно
Рецепти преку шаблони
Подгответе шаблони за често користени терапии и повторувајте ја терапијата едноставно преку шаблон
Колаборативно издавање рецепти
Повеќе членови на тимот можат паралелно да подготвуваат терапија за ист пациент и да ги следат промените во реално време.
Пациенти
Прегледно електронско досие
Сите прегледи, терапии, упати, извештаи и други важни медицински податоци се организирани во едно прегледно и лесно достапно електронско досие.
Дигитален здравствен картон
Овозможете им на пациентите сигурен онлајн пристап до нивните прегледи, извештаи, терапии и документи преку персонализиран дигитален здравствен картон.
Е-пошта и СМС комуникација
Испраќајте известувања, потсетници и важни информации преку е-пошта или СМС, директно од helio, и одржувајте навремена комуникација со пациентите.
Прикачување документација
Прикачете наоди, извештаи, фотографии и друга документација во досието на пациентот, за сите релевантни информации да останат безбедно собрани на едно место.
Витални параметри во реално време (наскоро)
Следете физичка активност, срцев ритам, кислородна сатурација и други параметри преку поврзани паметни уреди, со ажурирани вредности директно во пациентското досие.
Финансии и материјално
Евиденција на залихи
Следете прием, потрошувачка, расположливи количини и рокови на употреба на ампуларна терапија и други материјали.
Продажба, фактурирање и пресметки
Евидентирајте услуги и потрошен материјал, изработувајте фактури и пресметки.
Автоматизирани нарачки од добавувач
Поставете минимална количина за секој материјал и, кога залихата ќе го достигне прагот, подгответе нарачка до добавувачот со еден клик.
Онлајн присуство
Инстант веб-страница
Со регистрацијата на нашата платформа добивате веб-страница прилагодена со ваше лого, деловни информации, блог за новости, контакт-форма и можност за онлајн резервации.
zakazi.mk
Листање на вашиот бизнис на платформата zakazi.mk преку која ќе можете да го претставите вашиот бизнис и да примате онлајн резервации. (*стартува подоцна оваа година).
И уште многу друго
Синхронизација со постоечки софтвер
Додека се навикнувате на helio, продолжете ја работата во стариот софтвер кога е потребно, а внесените податоци потоа едноставно синхронизирајте ги со helio.
Вградена е-пошта @pzu.mk
Вграден клиент за е-пошта, бесплатни адреси @pzu.mk или адреси со ваш сопствен домен, со лесно и брзо испраќање документи до пациентите.
Вграден систем за разговор
Комуницирајте со колегите преку вградениот систем за разговор, споделувајте важни информации и координирајте ја работата на тимот.
Вградени Word и Excel алатки
Отворајте и уредувајте текстуални документи и табели со вградените Word и Excel алатки, без инсталирање на истите на вашиот компјутер.
Медицински формулари
Преку 50 најчести потврди за градинка, боледување, вакцинација и многу други брендирани со вашата ординација. Можност за самостојно генерирање формулари по мерка.
Медицински калкулатор со кратенка
Притиснете Alt + P за брза пресметка на BMI, HOMA, GFR и други медицински формули.
Персонализирани податоци
За сите прегледи, вработени, услуги или пациенти, можете да додадете полиња за внесување податоци по ваш избор.
Ова е само мал дел од функциите на helio.
Закажете презентација каде што ќе ви ги презентираме функциите специфични за вашата здравствена установа.
Едноставна цена
9.000 денари годишно.
Цената важи за еден оддел на една локација и вклучува еден лекар. Секој дополнителен лекар во истиот оддел и на истата локација чини само 900 денари годишно.
Добивате и најмалку 2 месеци бесплатен пробен период.
Техничка поддршка
12 часовна техничка поддршка од 8:00 до 20:00 секој работен ден.
Бекап на податоци
Секојдневен бекап на вашите податоци за последните 90 денови и по 1 бекап месечно за целото времетраење на вашата претплата.
Бесплатна обука
Целодневна бесплатна обука на лице место за користење на софтверот.
Веќе користите друг систем? Нема проблем!
helio го добивате бесплатно до истекот на вашата постоечка лиценца.
Визија, искуство и технологија
Зад helio стои тим од мотивирани, креативни и искусни професионалци со заедничка цел: здравствените установи да добијат сигурен, прегледен и едноставен софтвер.
helio е создаден со фокус на стабилност, безбедност и функционалности што ја олеснуваат реалната секојдневна работа на медицинските тимови.

Најчести прашања
Одговори на прашањата што најчесто ги добиваме пред презентација и имплементација.
Дали ќе имам прекин во работата при миграција на helio?
Апсолутно не. Преминот на Helio е организиран така што немате ни минута застој во вашата работа. Целокупните податоци од претходниот систем се префрлаат ден претходно, надвор од работно време. Следниот ден едноставно доаѓате на работа и продолжувате таму каде што сте застанале — само во нов, модерен и многу полесен за користење софтвер. На првиот работен ден со Helio, нашиот тим е присутен на лице место и ви обезбедува целосна практична поддршка од самиот почеток. Во пракса, корисниците во просек ја разбираат основната работа со Helio за околу 10 минути и веднаш можат да продолжат со секојдневните задачи без застој. До крајот на првиот ден, тимот веќе има јасно познавање на сите функции што му се потребни за редовна дневна работа. Токму тоа е разликата меѓу добро дизајниран софтвер и систем што мора да се учи со денови — Helio не ви ја отежнува работата, туку ви дозволува веднаш да продолжите понатаму.
Дали програмата се учи лесно?
Да, Helio се учи исклучително лесно затоа што е направен како што треба. Тешки за учење се програмите што се натрупани со копчиња, хаотични екрани и лошо осмислени интеракции. Тоа се програми во кои корисникот мора да учи каде се крие секоја опција, затоа што никој не потрошил доволно време на дизајнот, поставеноста на елементите и начинот на користење. Helio е спротивното. Интерфејсот е внимателно дизајниран според докажани принципи за прегледност, јасност и лесно користење. Елементите се поставени логично, опциите се прикажани таму каде што природно ги очекувате, а секој екран има јасна структура. Затоа Helio не се учи на памет. Го гледате екранот и знаете што треба да направите.
Каде се чуваат податоците?
Helio е комплексен клауд-систем составен од повеќе бази на податоци, резервни системи, придружни сервиси и инфраструктура потребна за стабилно, брзо и безбедно работење. Дел од инфраструктурата се наоѓа во Европската Унија, а дел во Македонија, во зависност од типот на сервисот, намената и техничките потреби на системот. Податоците се обработуваат и заштитуваат согласно применливите правила за заштита на лични податоци. Повеќе информации за начинот на обработка, чување и заштита се достапни во нашата Полиса за приватност.
Прочитајте ја Полисата за приватностДали може да се мигрираат постоечки податоци?
Апсолутно. Сите податоци до кои ќе добиеме технички пристап ќе бидат префрлени во Helio. На денот кога започнувате со работа, не почнувате од празен систем — започнувате со веќе префрлени пациенти, прегледи, упати, рецепти, боледувања и останатите достапни податоци од претходниот софтвер. Целта е едноставна: да продолжите со работа таму каде што сте застанале, но во многу помодерен, почист и подобро организиран систем.
Дали Helio работи со Мој Термин и ФЗО?
Да. Helio ги поддржува работните процеси поврзани со Мој Термин и ФЗО, вклучувајќи ги достапните процеси за упати, рецепти, извештаи и друга медицинска документација. Функциите се организирани директно во секојдневниот тек на работа, за корисниците да внесуваат податоци прегледно и без непотребно повторување.
Дали добиваме обука и поддршка?
Да. Со Helio не добивате само софтвер — добивате обука, поддршка и тим што стои зад вас од првиот ден. На денот кога започнувате со работа, нашиот тим доаѓа на лице место и обезбедува практична обука директно во вашата установа. Кај поголеми поликлиники и установи со повеќе вработени, испраќаме и повеќе обучувачи, за преминот да биде организиран, брз и без хаос. Од самиот почеток знаевме дека класична техничка поддршка не е доволно добра услуга за здравствени установи. Кога во ординација ќе се појави проблем, тој не може да чека „во текот на денот“ или „некој да се јави подоцна“ — затоа што пациентите чекаат, а работата мора да продолжи веднаш. Затоа техничката поддршка на Helio не е класичен контакт-центар. Во поддршка работат технички компетентни лица со програмерска позадина и детално познавање на системот, способни брзо да разберат што се случува и да помогнат веднаш. Техничката поддршка е достапна секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот.
Дали Helio може да работи за повеќе локации?
Да. Helio може да работи од неограничен број локации и од неограничен број уреди. Бидејќи Helio е модерен клауд-систем, не зависи од еден „главен“ компјутер. Може да се користи од секој компјутер, телефон или таблет со интернет-врска. Ова е особено важно за поликлиники, лаборатории, ординации со повеќе објекти или установи што сакаат централизирана контрола без технички ограничувања. Наместо секоја локација да биде со посебна база, Helio овозможува сите да работат во еден организиран, поврзан и секогаш достапен систем.
Пробајте бесплатно. Уверете се сами.
Додека не го видите Helio во работа, не можете вистински да знаете што значи професионален и едноставен за користење здравствен софтвер.


