Лого на helio

Кариера

Бараме луѓе кои сакаат да градат сериозен здравствен софтвер и да работат со корисници на кои системот им е важен секој ден.

Специјалист за техничка поддршка

Бараме лице со техничка позадина кое ќе им помага на корисниците при секојдневната работа со helio. Позицијата бара темелно учење на системот, добро разбирање на здравствениот сектор, неговите процеси, предности и ограничувања, како и апсолутна љубезност и трпение во комуникација со клиенти.


Што очекуваме

  • Поддршка на корисници при дневна работа со системот.
  • Дијагностицирање и решавање проблеми со принтери, драјвери и локална работна околина.
  • Помош при проблеми со КИБС токени, сертификати и поврзана конфигурација.
  • Основна работа со Chrome Developer Tools за прибирање логови и информации за грешки.
  • Јасна, смирена и професионална комуникација со здравствени установи.

Предности

  • Течно говорење албански јазик.
  • Основно познавање на работа со релациони бази на податоци.
Испрати кратко претставување и CV на careers@codedivine.com

Менаџер за продажба

Бараме експерт за продажба меѓу компании (B2B) кој разбира дека продажбата на технолошки системи е процес што може да трае со месеци. Позицијата бара способност детално да се научи helio, да се разберат неговите предности во однос на конкурентни решенија и да се води сериозен продажен процес со здравствени установи.


Што очекуваме

  • Водење B2B продажба со јасна стратегија, следење и трпеливост.
  • Градење доверба со клиенти низ подолг продажен циклус.
  • Детално разбирање на helio како технолошки и деловен систем.
  • Презентирање на предностите на helio во однос на постоечки и конкурентни решенија.
  • Проактивна комуникација со лекари, ординации, клиники и менаџерски тимови.
Дали сметаш дека можеш да му промениш програма на лекар кој 20 години работел во ист систем? Ако одговорот е да, сакаме да те запознаеме.
Испрати кратко претставување и CV на careers@codedivine.com