helio за гинекологија и акушерство
Дигитална организација на гинеколошки прегледи, акушерски следења, документи, лабораториски резултати и редовна комуникација со пациентки.
Функционалности за гинекологија
Пример функции за гинеколошки картон, следење бременост, документи, лаборатории и ординациска работа.
Прегледи
Дигитална мајчина книшка
Водете ја целата бременост во дигитална мајчина книшка со прегледи, мерења, лабораториски резултати, ултразвучни наоди и важни податоци достапни на едно место.
Брзо регистрирање прегледи
Отворете преглед само со избор на пациент и дијагноза. Системот за се останато користи најчести вредности а вие ги менувате по потреба
Четири начини на приказ на преглед
Организирајте ги обврските преку дневен, компактен дневен, неделен или месечен приказ и секогаш имајте јасна слика за распоредот на ординацијата.
Лекарски извештаи по ваша мерка
По завршување на прегледот, helio автоматски подготвува лекарски извештај според вашиот шаблон, со потребните податоци и изглед за печатење или испраќање.
Упати
Синхронизација на упати за ПАП-тест со МојТермин
Синхронизирајте ги упатите за ПАП-тест со МојТермин и избегнете повторно внесување, со усогласени податоци и попрегледно следење на издадените упати.
Упати преку шаблон или претходен упат
Креирајте нов упат од однапред подготвен шаблон или искористете претходен упат, без повторно внесување на истите податоци за честите случаи.
Специјалистички извештаи
Прегледувајте ги пристигнатите специјалистички извештаи директно во helio, поврзани со соодветниот пациент и упат.
Известување за добиен термин
Добивајте навремено известување кога е одобрен термин за туѓа помош и нега или за кабинет за дојка
Листа на упати за термин
Нема моментално достапен термин за даден специјалист? Нема проблем, поставете го пациентот во листа на чекање и добијте известување кога ќе биде достапен термин
Рецепти
Рецепти од специјалистички извештај
Претворете ја препорачаната терапија од специјалистичкиот извештај во рецепти во рецепти со два клика
Продолжување и повторување терапија
Продолжете хронична терапија или повторете претходно издадена терапија, брзо и едноставно
Рецепти преку шаблони
Подгответе шаблони за често користени терапии и повторувајте ја терапијата едноставно преку шаблон
Колаборативно издавање рецепти
Повеќе членови на тимот можат паралелно да подготвуват терапија за ист пациент од повеќе компјутери, приказ во реално време за настанатите промени.
Пациенти
Прегледно електронско досие
Сите прегледи, терапии, упати, извештаи и други важни медицински податоци се организирани во едно прегледно и лесно достапно електронско досие.
Дигитален здравствен картон
Овозможете им на пациентите сигурен онлајн пристап до нивните прегледи, извештаи, терапии и документи преку персонализиран дигитален здравствен картон.
Е-пошта и СМС комуникација
Испраќајте известувања, потсетници и важни информации преку е-пошта или СМС, директно од helio, и одржувајте навремена комуникација со пациентите.
Прикачување документација
Прикачете наоди, извештаи, фотографии и друга документација во досието на пациентот, за сите релевантни информации да останат безбедно собрани на едно место.
Витални параметри во реално време (наскоро)
Следете физичка активност, срцев ритам, кислородна сатурација и други параметри преку поврзани паметни уреди, со ажурирани вредности директно во пациентското досие.
Финансии и материјално
Евиденција на залихи
Следете прием, потрошувачка, расположливи количини и рокови на употреба на ампуларна терапија и се останато
Продажба, фактурирање и пресметки
Евидентирајте услуги и потрошен материјал, изработувајте фактури и пресметки.
Автоматизирани нарачки од добавувач
Поствете минимална количина на материјали, по достигнување на истата направете нарачка со еден клик до добавувачот.
Онлајн присуство
Инстант вебсајт
Со самото регистрирање на нашата платформа добивате вебсајт прилагоден со ваше лого, информации за вашиот бизнис, блог за новости, контакт форма и можност за онлајн резервации.
zakazi.mk
Листање на вашиот бизнис на платформата zakazi.mk преку која што ќе можете да го претставите вашиот бизнис и да примате онлајн резервации. (*стартува подоцна оваа година).
И уште многу друго
Синхронизација со постоечки софтвер
Додека се навикнувате на helio, продолжете ја работата во стариот софтвер кога е потребно, а внесените податоци потоа едноставно синхронизирајте ги со helio.
Вградена е-пошта @pzu.mk
Вграден email клиент, бесплатни @pzu.mk емаил адреси или со ваш сопствен домејн, лесно и брзо испраќање документи до пациенти
Вграден Chat
Комуницирајте со колегите преку вградениот chat ситем, споделувајте важни информации и координирајте ја работата на тимот.
Вградени Word и Excel алатки
Отворајте и уредувајте текстуални документи и табели со вградените Word и Excel алатки, без инсталирање на истите на вашиот компјутер.
Медицински формулари
Преку 50 најчести потврди за градинка, боледдување, вакцијнација и многу други брендирани со вашата ординација. Можност за самостојно генерирање формулари по мерка.
Медицински калкулатор со кратенка
alt + p и повикајте го калкулаторот во секој момент за брза на BMI, HOMA, GFR и многу други формули.
Персонализирани податоци
За сите прегледи, вработени, услуги или пациенти, можете да додадете полиња за снимање на податоци по ваш избор
Ова е само мал дел од функциите на helio.
Закажете презентација каде што ќе ви ги презентираме функциите специфични за вашата здравствена установа.
Едноставна цена
9.000 денари годишно.
Цената важи за еден оддел на една локација и вклучува еден лекар. Секој дополнителен лекар во истиот оддел и на истата локација чини само 900 денари годишно.
Добивате и најмалку 2 месеци бесплатен пробен период.
Техничка подршка
12 часовна техничка поддршка од 8:00 до 20:00 секој работен ден.
Бекап на податоци
Секојдневен бекап на вашите податоци за последните 90 денови и по 1 бекап месечно за целото времетраење на вашата претплата.
Бесплатна обука
Целодневна бесплатна обука на лице место за користење на софтверот.
Веќе користите друг систем? Нема проблем!
helio го добивате бесплатно до истекот на вашата постоечка лиценца.
Визија, искуство и технологија
Зад Helio стои тим од мотивирани, креативни и искусни професионалци со една заедничка цел: да изградат здравствен софтвер каков што досега не е виден.
Helio го создадовме со голема љубов и пасија, а резултатот е продукт од врвен технички и функционален аспект - на ниво до кое ништо друго на пазарот не доаѓа ни приближно.

Најчести прашања
Одговори на прашањата што најчесто ги добиваме пред презентација и имплементација.
Дали ќе имам прекин во работата при миграција на helio?
Апсолутно не. Преминот на Helio е организиран така што немате ни минута застој во вашата работа. Целокупните податоци од претходниот систем се префрлаат ден претходно, надвор од работно време. Следниот ден едноставно доаѓате на работа и продолжувате таму каде што сте застанале — само во нов, модерен и многу полесен за користење софтвер. На првиот работен ден со Helio, нашиот тим е присутен на лице место и ви обезбедува целосна практична поддршка од самиот почеток. Во пракса, корисниците во просек ја разбираат основната работа со Helio за околу 10 минути и веднаш можат да продолжат со секојдневните задачи без застој. До крајот на првиот ден, тимот веќе има јасно познавање на сите функции што му се потребни за редовна дневна работа. Токму тоа е разликата меѓу добро дизајниран софтвер и систем што мора да се учи со денови — Helio не ви ја отежнува работата, туку ви дозволува веднаш да продолжите понатаму.
Дали програмата се учи лесно
Да, Helio се учи исклучително лесно затоа што е направен како што треба. Тешки за учење се програмите што се натрупани со копчиња, хаотични екрани и лошо осмислени интеракции. Тоа се програми во кои корисникот мора да учи каде се крие секоја опција, затоа што никој не потрошил доволно време на дизајнот, поставеноста на елементите и начинот на користење. Helio е спротивното. Интерфејсот е внимателно дизајниран според докажани принципи за прегледност, јасност и лесно користење. Елементите се поставени логично, опциите се прикажани таму каде што природно ги очекувате, а секој екран има јасна структура. Затоа Helio не се учи на памет. Го гледате екранот и знаете што треба да направите.
Каде се чуваат податоците
Helio е комплексен клауд систем составен од повеќе бази на податоци, резервни системи, пропратни сервиси и инфраструктура потребна за стабилно, брзо и безбедно работење. Дел од инфраструктурата се наоѓа во Европската Унија, а дел во Македонија, во зависност од типот на сервисот, намената и техничките потреби на системот. На пазарот често се шират неточни и манипулативни тврдења дека законот наложува здравствените податоци задолжително да се чуваат исклучиво во Македонија. Тоа едноставно не е точно. Законот не бара податоците по секоја цена да бидат физички сместени во државата - туку да бидат обработувани и заштитени согласно правилата за заштита на лични податоци. Затоа Helio е изграден како дистрибуиран клауд систем, а не како застарена локална програма што зависи од еден главен компјутер.
Дали може да се мигрираат постоечки податоци?
Апсолутно. Сите податоци до кои ќе добиеме технички пристап ќе бидат префрлени во Helio. На денот кога започнувате со работа, не почнувате од празен систем — започнувате со веќе префрлени пациенти, прегледи, упати, рецепти, боледувања и останатите достапни податоци од претходниот софтвер. Целта е едноставна: да продолжите со работа таму каде што сте застанале, но во многу помодерен, почист и подобро организиран систем.
Дали Helio работи со Мој Термин и ФЗО?
Да. Helio работи со процесите поврзани со Мој Термин и ФЗО и од самиот почеток имаме извонредна соработка со двете институции. Имаме само пофални зборови за пристапот што го имаат и Мој Термин и ФЗО кон нас како софтверска компанија. Комуникацијата е коректна, професионална и насочена кон тоа здравствените установи да имаат подобри, посигурни и помодерни дигитални решенија.
Дали добиваме обука и поддршка?
Да. Со Helio не добивате само софтвер — добивате обука, поддршка и тим што стои зад вас од првиот ден. На денот кога започнувате со работа, нашиот тим доаѓа на лице место и обезбедува практична обука директно во вашата установа. Кај поголеми поликлиники и установи со повеќе вработени, испраќаме и повеќе обучувачи, за преминот да биде организиран, брз и без хаос. Од самиот почеток знаевме дека класична техничка поддршка не е доволно добра услуга за здравствени установи. Кога во ординација ќе се појави проблем, тој не може да чека „во текот на денот“ или „некој да се јави подоцна“ — затоа што пациентите чекаат, а работата мора да продолжи веднаш. Затоа техничката поддршка на Helio не е класичен call-center. Во поддршка работат технички компетентни лица со програмерска позадина и детално познавање на системот, способни брзо да разберат што се случува и да помогнат веднаш. Техничката поддршка е достапна секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот, а наскоро од 08:00 до 16:00 часот ќе биде достапна и на албански јазик.
Дали Helio може да работи за повеќе локации?
Да. Helio може да работи од неограничен број локации и од неограничен број уреди. Бидејќи Helio е модерен cloud систем, не зависи од еден „главен“ компјутер. Може да се користи од секој компјутер, телефон или таблет со интернет конекција. Ова е особено важно за поликлиники, лаборатории, ординации со повеќе објекти или установи што сакаат централизирана контрола без технички ограничувања. Наместо секоја локација да биде со посебна база, Helio овозможува сите да работат во еден организиран, поврзан и секогаш достапен систем.
Пробајте бесплатно. Уверете се сами.
Додека не го видите Helio во работа, не можете вистински да знаете што значи професионален и едноставен за користење здравствен софтвер.


