Здравството има нов стандард.
Се вика Helio.
Helio е докажана дигитална здравствена платформа користена од илјадници лекари секојдневно — генерации понапредна од сe останато на пазарот и иднината на здравството во Македонија.



Изградено за секој вид на установа
Изберете го вашиот тип на установа за да ги видите конкретните предности и функции за тој оддел.
Секој модул е наменски изграден со работни процеси, шаблони и алатки специфични за вашата специјалност.
Едноставна цена
9.000 денари годишно.
Цената важи за еден оддел на една локација и вклучува еден лекар. Секој дополнителен лекар во истиот оддел и на истата локација чини само 900 денари годишно.
Добивате и најмалку 2 месеци бесплатен пробен период.
Техничка подршка
12 часовна техничка поддршка од 8:00 до 20:00 секој работен ден.
Бекап на податоци
Секојдневен бекап на вашите податоци за последните 90 денови и по 1 бекап месечно за целото времетраење на вашата претплата.
Бесплатна обука
Целодневна бесплатна обука на лице место за користење на софтверот.
Веќе користите друг систем? Нема проблем!
helio го добивате бесплатно до истекот на вашата постоечка лиценца.
Визија, искуство и технологија
Зад Helio стои тим од мотивирани, креативни и искусни професионалци со една заедничка цел: да изградат здравствен софтвер каков што досега не е виден.
Helio го создадовме со голема љубов и пасија, а резултатот е продукт од врвен технички и функционален аспект - на ниво до кое ништо друго на пазарот не доаѓа ни приближно.

Најчести прашања
Одговори на прашањата што најчесто ги добиваме пред презентација и имплементација.
Дали ќе имам прекин во работата при миграција на helio?
Апсолутно не. Преминот на Helio е организиран така што немате ни минута застој во вашата работа. Целокупните податоци од претходниот систем се префрлаат ден претходно, надвор од работно време. Следниот ден едноставно доаѓате на работа и продолжувате таму каде што сте застанале — само во нов, модерен и многу полесен за користење софтвер. На првиот работен ден со Helio, нашиот тим е присутен на лице место и ви обезбедува целосна практична поддршка од самиот почеток. Во пракса, корисниците во просек ја разбираат основната работа со Helio за околу 10 минути и веднаш можат да продолжат со секојдневните задачи без застој. До крајот на првиот ден, тимот веќе има јасно познавање на сите функции што му се потребни за редовна дневна работа. Токму тоа е разликата меѓу добро дизајниран софтвер и систем што мора да се учи со денови — Helio не ви ја отежнува работата, туку ви дозволува веднаш да продолжите понатаму.
Дали програмата се учи лесно
Да, Helio се учи исклучително лесно затоа што е направен како што треба. Тешки за учење се програмите што се натрупани со копчиња, хаотични екрани и лошо осмислени интеракции. Тоа се програми во кои корисникот мора да учи каде се крие секоја опција, затоа што никој не потрошил доволно време на дизајнот, поставеноста на елементите и начинот на користење. Helio е спротивното. Интерфејсот е внимателно дизајниран според докажани принципи за прегледност, јасност и лесно користење. Елементите се поставени логично, опциите се прикажани таму каде што природно ги очекувате, а секој екран има јасна структура. Затоа Helio не се учи на памет. Го гледате екранот и знаете што треба да направите.
Каде се чуваат податоците
Helio е комплексен клауд систем составен од повеќе бази на податоци, резервни системи, пропратни сервиси и инфраструктура потребна за стабилно, брзо и безбедно работење. Дел од инфраструктурата се наоѓа во Европската Унија, а дел во Македонија, во зависност од типот на сервисот, намената и техничките потреби на системот. На пазарот често се шират неточни и манипулативни тврдења дека законот наложува здравствените податоци задолжително да се чуваат исклучиво во Македонија. Тоа едноставно не е точно. Законот не бара податоците по секоја цена да бидат физички сместени во државата - туку да бидат обработувани и заштитени согласно правилата за заштита на лични податоци. Затоа Helio е изграден како дистрибуиран клауд систем, а не како застарена локална програма што зависи од еден главен компјутер.
Дали може да се мигрираат постоечки податоци?
Апсолутно. Сите податоци до кои ќе добиеме технички пристап ќе бидат префрлени во Helio. На денот кога започнувате со работа, не почнувате од празен систем — започнувате со веќе префрлени пациенти, прегледи, упати, рецепти, боледувања и останатите достапни податоци од претходниот софтвер. Целта е едноставна: да продолжите со работа таму каде што сте застанале, но во многу помодерен, почист и подобро организиран систем.
Дали Helio работи со Мој Термин и ФЗО?
Да. Helio работи со процесите поврзани со Мој Термин и ФЗО и од самиот почеток имаме извонредна соработка со двете институции. Имаме само пофални зборови за пристапот што го имаат и Мој Термин и ФЗО кон нас како софтверска компанија. Комуникацијата е коректна, професионална и насочена кон тоа здравствените установи да имаат подобри, посигурни и помодерни дигитални решенија.
Дали добиваме обука и поддршка?
Да. Со Helio не добивате само софтвер — добивате обука, поддршка и тим што стои зад вас од првиот ден. На денот кога започнувате со работа, нашиот тим доаѓа на лице место и обезбедува практична обука директно во вашата установа. Кај поголеми поликлиники и установи со повеќе вработени, испраќаме и повеќе обучувачи, за преминот да биде организиран, брз и без хаос. Од самиот почеток знаевме дека класична техничка поддршка не е доволно добра услуга за здравствени установи. Кога во ординација ќе се појави проблем, тој не може да чека „во текот на денот“ или „некој да се јави подоцна“ — затоа што пациентите чекаат, а работата мора да продолжи веднаш. Затоа техничката поддршка на Helio не е класичен call-center. Во поддршка работат технички компетентни лица со програмерска позадина и детално познавање на системот, способни брзо да разберат што се случува и да помогнат веднаш. Техничката поддршка е достапна секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот, а наскоро од 08:00 до 16:00 часот ќе биде достапна и на албански јазик.
Дали Helio може да работи за повеќе локации?
Да. Helio може да работи од неограничен број локации и од неограничен број уреди. Бидејќи Helio е модерен cloud систем, не зависи од еден „главен“ компјутер. Може да се користи од секој компјутер, телефон или таблет со интернет конекција. Ова е особено важно за поликлиники, лаборатории, ординации со повеќе објекти или установи што сакаат централизирана контрола без технички ограничувања. Наместо секоја локација да биде со посебна база, Helio овозможува сите да работат во еден организиран, поврзан и секогаш достапен систем.
Пробајте бесплатно. Уверете се сами.
Додека не го видите Helio во работа, не можете вистински да знаете што значи професионален и едноставен за користење здравствен софтвер.

