За сите издадени упати специјалистичките извештаи го добивате во helio. Не само извештаите од првиот упат туку и од сите наредни доупатувања.
helio ве известува кога ќе добиете термин за издадено барање за упат за конзилијарно мислење - туѓа помош и нега. Упатот го добивате во helio
Генерирајте шаблон за најчесто издавани упати и реиздадете ги истите со еден клик.
Генерирајте рецепти директно од внесената препорачана терапија од специјалистичкиот извештај
Внесете ја количината на лекови што пациентот е потребно да ја прими и helio автоматски ќе направи најоптимална распределба на терапиите
Додајте шаблон за чести случаи на терапии и генерирајте голем број рецепти со еден клик
Детален приказ на вашите дневни активности. Изберете помеѓу дневен, неделен или месечен приказ. Филтрирајте по лекари/локации.
Отворете преглед само со избор на пациент и дијагноза. Системот за се останато користи најчести вредности а вие ги менувате по потреба
Увид до сите прегледи, упати, специјалистички и лабораториски извештаи, дијагнози, алергии, витални параметри и многу друго. Посебен онлајн портал преку кој вашите пациенти имаат пристап до своето електронско досие.
Добијте увид во реално време во физичката активност на вашите пациенти, срцев ритам, кислородна сатурација и многу други преку интеграција со повеќе од 50 видови на паметни уреди.
Станете проактивни лекари преку почести комуникации со вашите пациенти. Автоматски известувања за пристигнати извештаи, потсетници за закажани термини, предефинирани шаблони за понатамошна грижа за дадени дијагнози.
Наплатете за вашите услуги и потрошен материјал, издадете фактура или фискална сметка. Дизајнирајте ги вашите фактури по ваша мерка или изберете некој од нашите шаблони.
Можност за детално управување со вашите услуги и целосна евиденција на движењето на вашите залихи. како и рокот на нивно истекување. Алатки за попис.
Преку дефиниран шаблон автоматизирајте ги вашите нарачки. Ние ви ја генерираме листата со потрошен материјал, ваше е да ја одобрите по што се испраќа до вашиот добавувач. По пристигање извршете едноставен прием на робата, направете евентуални корекции на количина и цена.
Детални извештаи за вашите пациенти и работата на вашата ординација. Изработка на нови извештаи по ваша потреба. Се што може да се квантифицира, ние можеме да генерираме извештај.
Неделно, месечно, квартално.. Не генерирајте извештаи рачно. Со helio процесот е автоматизиран и резултатите сами се праќаат до ФЗО, Центар за јавно здравје или каде и да сакате.
Со самото регистрирање на нашата платформа добивате вебсајт прилагоден со ваше лого, информации за вашиот бизнис, блог за новости, контакт форма и можност за онлајн резервации.
Листање на вашиот бизнис на платформата zakazi.mk преку која што ќе можете да го претставите вашиот бизнис и да примате онлајн резервации. (*стартува подоцна оваа година).
Во соработка со MyID.mk добивате дигитален печат официјално прифатен согласно законот за електронски документи. Вашите упати и останати документи ќе бидат валидни и во електронска форма.
Особено корисно за хронични пациенти. Генерирајте ги рецептите во helio а ние ќе ги процесираме во МојТермин откако ќе биде достапен.
За сите прегледи, вработени, услуги или пациенти, можете да додадете полиња за снимање на податоци по ваш избор. Го прилагодувате софтверот по ваши потреби.
12 часовна техничка поддршка од 8:00 до 20:00 секој работен ден.
Секојдневен бекап на вашите податоци за последните 90 денови и по 1 бекап месечно за целото времетраење на вашата претплата.
1 час обука на лице место за користење на софтверот.